ВМРО-ДПМНЕ: Со Заев Македонија е убедливо на дното по странски инвестиции, од 2 до 4 и пол пати помалку од соседите

Македонија со неспособната власт на Заев е убедливо на дното по прилив на странски инвестиции во регионот и Европа во 2020 година, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека заклучно со месец септември 2020 година во Македонија има помалку странски директни инвестиции во споредба со Србија, Бугарија и Албанија.

-По глава на жител за 9 месеци минатата година во Македонија влегле 58 евра, во Бугарија речиси двојно, во Албанија и Србија 4 и пол пати повеќе. Ова покажува каква неспособна и криминална власт ја води државата, поради која странските инвеститори бегаат. Не може да се вадат дека корона кризата е причина за нивото на странски инвестиции, бидејќи корона криза имаа и соседните земји, а кај нив странските директни инвестиции се два до 4 и пол пати повеќе по глава на жител. Главна причина за отсуство на инвестиции во една земја е корупцијата и криминалот на власта. Заради криминалната власт која секој ден се богати, народот осиромашува. Поради криминалната власт се задолживме за над милијарда евра нов долг за неколку месеци, а истовремено 54 илјади лица останаа без работа. Со Заев Македонија стана најнесреќната, најсиромашната и најкорумпираната држава во Европа, стои во соопштението на партијата.