ВМРО-ДПМНЕ: Македонија тоне во пандемија, а Заев мисли само на себе

Со СДСМ и Зоран Заев Македонија стана балкански Вухан. За 12 дена бројот на заразени од Ковид 19 е зголемен за повеќе од 50%, се вели во партискот соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Откако Зоран Заев им нареди на Комисијата за заразни болести и Венко Филипче да бидат политичари, а не лекари бројот на заболени секој ден е над 150. Зоран Заев не ги послуша нашите совети, ниту советите на експертите, па мерките му се целосно задоцнети, а последиците ги живееме сите. СДСМ прво се стави себе, па на крај граѓаните. Македонија тоне во пандемија, а Заев наместо да мисли како првин да се спласне пандемијата и да се заштитат граѓаните и економијата мисли на себе. Илјадници семејства се со намалени примања. Економијата тоне. Извозот е намален, а Заев нема план како понатаму. Со СДСМ само тонеме, истакнуваат од опозициската партија.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ добивме само хибриден режим, криминал, корупција и сиромаштија, додаваат од таму.