4 C
Skopje
петок, декември 4, 2020

ВМРО ДПМНЕ:Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото

531

Дурловски, Илиевски, Јовановски, Дамовски, Чавков, пратениците и сите останати кои се неправедно притворени за настаните од 27-ми април, се терористи колку што се терористи македонските иселеници кои вчера протестираа низ Европа и светот. Ниедна демократска земја не се дрзна да ги обвини за тероризам само заради протест во кој гласно го изразуваат своето несогласување со разнебитувањето на Македонија. Притворените не се терористи, туку патриоти чиј единствен грев е што ја сакаат Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Република Македонија е узурпирана држава каде е укинато владеење на правото. Невини луѓе, без никаква правна основа, политички се држат во притвор, додека владините претставници лицитираат со македонската историја и иднина.Органите на прогонот се користат за монтирање на судски случаи и пресметка со сопствените граѓани кои мислат поинаку од власта.Судот е најдиректен и најодговорен учесник во продлабочување на кризата која е поттикната од катастрофалните политики од страна на владата на СДСМ, стои во ссопштението на ВМРО- ДПМНЕ и се додава:

„Судот има обврска да ја гарантира законитоста и да биде чувар на демократијата. Токму затоа треба итно и неодложно да ги пушти од притвор Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски и останатите чија единствена вина е љубовта кон државата. Правосудните органи мора да се ослободат од стегите и притисокот, своите одлуки да ги донесуваат согласно позитивните законски норми и доказите. Независното судство е право на граѓаните, кое не смее да им биде скратено. Државата има потреба од силни и независни институции – кои ќе ги штитат граѓаните и нивните права. Демократијата и правната држава се право на граѓаните и тоа не смее да им биде скратено“.

Република Македонија, потенцираат од партијата, итно мора да тргне по патот на демократијата и никој не смее да биде пречка на тој пат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.