ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија е најниската во Европа, задолжувањето остро расте

Власта која секојдневно ги ограбува граѓаните со зголемени давачки, местени тендери, рекет и ширење на сопствените бизниси бесрамно продолжува да ја манипулира јавноста, соопштуваат од ВМРО- ДПМНЕ.

„Доколку СДСМ ги враќаше парите кај граѓаните немаше да им ги покачи даноците, акцизите патарините и ред други давачки со кои само ја зголемува сиромаштијата. Како резултат на нивното расипничко работење над 500.000 граѓани да живеат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат до крај на месецот.

Владата на аболицираниот Заев за две години потроши над 9 милијарди евра буџет, а со нив ништо не е подобрено. Економијата ни е најниска во Европа, а долгот вртоглаво расте и ја надмина психолошката граница од над 5 милијарди евра односно 50% од БДП“ велат од ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата велат дека откако се на власт единствено што расте во државата се корупцијата и бизнисите на Заеви. Тие преку ноќ станаа најголеми земјоделски магнати преку производство на марихуана, братот на премиерот стана најпосакуван бизнис партнер, камионите им возат за РЕК, а си ги имаат и „Герас Цунев“, „Цареви кули“ и земјиштето од струмичката касарна кое го стекнаа преку матна зделка.

„Со вакви криминални и матни зделки од страна на власта граѓаните се повеќе ќе тонат во сиромаштија, а Македонија нема да биде ни блиску до датум за почеток на преговори.. На Македонија потребни и се промени и обнова, кои ќе се случат кога аболицираниот Заев и неговата криминална влада ќе си заминат од власт“ се вели во соопштението.