ВМРО-ДПМНЕ: Манчевски нема никаква контрола во министерството

Скандалозниот министер Дамјан Манчевски е во агонија! Реформите во државната и јавна администрација ја очекуваме да ја започнете повеќе од 18 месеци и не ви успева, бидејки немате еден ден работно искуство во администрација и претпоставуваме дека ви треба време да ги прочитате законите кои не ги почитувате, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ до министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

-За 18 месеци би требало да сфатите дека во Република Македонија законите ги менува Собранието на Република Македонија, не вие Дамјан Манчевски, незаконски и произволно да потпишувате согласности и истовремено да ги втурнувате во безаконие Министерството за финансии и Агенција за администрација. Доколку потпишавте незаконски согласности за годишни планови за вработување за 2018 година, чуму илјадници договори на определено работно време за кои не ви е потребен годишен план? Очиглено станува дека вие немате никаква контрола во министерството, уште помалку во останатите институции, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и додаваат:

„Министерот Дамјан Манчевски по трет пат, но сега го замолуваме, во интерес на граѓаните и даночните обврзници, одговорете на прашањата кои неколку дена ви ги поставуваме, со конкретни одговори и ве молиме да не брзате со одговорите и да не ги лажете граѓаните и даночните обврзници, во првото соопштението сте вработиле 3078 луѓе додека денес се намали бројката на 2543 луѓе. Полугодишниот извештај нека ви биде последно министерско дело и убедени сме дека ќе се охрабрите и нема повеќе да се срамите пред граѓаните и ќе си поднесете неотповиклива ОСТАВКА!“