ВМРО-ДПМНЕ: МАНУ и МНР се директно прозвани да одговорат на антимакедонските изјави

Од ден во ден сé повеќе се зголемуваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија, а последниот напад беше врз Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), чијшто преседател Таки Фити, поранешен министер за финанси во една од владите на СДСМ е директно повикан да одговори, порачуваат во четвртокот од ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавно и без срам во еден од своите настапи еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција“, се устакнува во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека МАНУ упорно молчи на вакви суштински прашања, и отвора простор за нови напади и нови омаловажувања.

„На ваквите напади каде е во прашање и угледот на државата, Министерството за надворешни работи не реагира, се брани со молк. Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ“, се потсетува.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги посочуваат последниот нападот врз највисоката научна установа во Македонија, која од директорот на Националниот историски институт во Бугарија, Божидар Димитров, беше претставена како инструмент во рацете на премиерот Зоран Заев која е смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

 

„Претседателот на МАНУ, академикот Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции. ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ“, се додава во соопштението.

Се истакнува дека ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на македонскиот народ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.