ВМРО-ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се мерки за еднократен поткуп, бизнисот е ставен да чека до септември

49

Според оваа партија, владата целосно ги промашила временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто.

Опоцизициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека третиот пакет економски мерки кои денеска ги промовираше премиерот Оливер Спасовски  се еднократен поткуп на граѓаните пред избори.

– СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи.Дополнително денес Спасовски, Ангеловска и другите од владата го ставија стопанството на чекање до септември.Стопанството нема да добие никаква помош. Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Со ова се отвора ризик голем број на фирми да пропаднат, а илјадници работници да останат без работа или со влошена егзистенција – реагира ВМРО-ДПМНЕ..

Според оваа партија, владата целосно ги промашила временските рокови кога на државата, стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто.

– ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми.Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи.Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно, со СДСМ имаме само криминал, корупција и неспособност – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека  имаат стратегија за обнова затоа што ја сакаат Македонија ќе ја променат сликата за државата и ќе воспостават морален кодекс за работење.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.