ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за помош на стопанството не се доволни и навремени

Додека Владата на СДСМ се фали со своите економски мерки за помош на стопанството, ја зголеми акцизата за нафтата со што директно им наштети на граѓаните и на малите и средни претпријатија кои се најпогодени од кризата како резултат на епидемијата на коронавирусот, истакнуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Мерките за помош на стопанството не беа ниту навремени, ниту пак се доволни за спас на македонската економија, сметаат од опозициската партија, нагласувајќи дека првичните анкети велат ори над 100 илјади граѓани се соочуваат со отказ, односно во моментов се оставени без приходи, бидејќи претпријатијата во кои работеле се директно погодени од кризата.

„Колку за пример, угостителите веќе втор месец се без работа. Овој сектор се соочува со колапс и токму поради тоа директно побара помош од Владата. Наместо помош, Владата на СДСМ ги обвини угостителите дека лажат. Транспортерите се закануваат со протести поради зголемувањето на давачките кон државата, односно поради зголемувањето на акцизата

Економијата за која Заев и Ангеловска тврдеа дека блеска колабираше по само два месеци криза. Буџетската дупка од ден во ден е се поголема според нивните кажувања, на стопанството му фали ликвидност, граѓаните не знаат како ќе го преживеат месецот.

Не е време за популизам, штури прес конференции и Пи-ар. Потребни се итни мерки за спас на работните места на граѓаните, за спас на секоја една фирма, да не дозволиме за само три години да се вратиме триесет години наназад во мрачните времиња на транзицијата“, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.