ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за земјоделците требаше од април да се реализираат, но власта ги остави во цедило, занимавајќи се со криминал и корупција

СДСМ и Зоран Заев се синоним на лагата и неспособноста. Поради нив Македонија е во тешка криза и излезот од таа криза е нивното заминување од власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Гоце Георгиевски

Мерките со кои СДСМ денес се фали, требаше да бидат реализирани многу порано, но за жал поради лошите економски политики и приоритети на власта на Заев, земјоделците и тутунарите беа оставени на цедило.

Замислете овие средства со кои денес во ноември 2021 година се фали СДСМ се предвидени во пакетот ИТНИ мерки од април месец. Цели 8 месеци доцни “итната исплата“.

Дополнително овие средства се однесуваат на откупен тутун од ланската реколта, откуп кој почна ноември-декември 2020 година. Цела една година тутунарите ги чекаа овие средства за да ги покријат загубите поради лошата полтика на Заев И СДСМ.

Но власта на заев целиот овој период беше посветена на трошење на парите на граѓаните за поткуп на избори, матни зделки и криминални тендери и затоа парите не завршуваат навреме онаму каде што треба.

Згора на се, земјоделците знаат дека најцрните денови на тутунопроизводството ги имаа со Заев и Љупчо Николовски кои го изменија законот за тутун и дозволија увоз на тутун во Македонија, пред да биде откупено домашното производство, со што им се урна откупната цена на македонските тутунари и им се девалвираше нивниот труд.

Заради лошата политика на власта на Заев резултатите на изборите се такви какви што се. Кризата со Заев само може да се продлабочува.

Заминувањето на Заев и заевизмот е единственото решение за Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.