ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски не беше на Советот за безбедност зашто седницата беше формална

Во ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека денешната седница на националниот Совет за безбедност што ја свика претседателот Стево Пендаровски била повеќе формална и со „низок степен на класифицираност” на информациите, па партискиот претседател Христијан Мицкоски не присуствувал на неа.

„Досега нема воспоставено пракса на присуство на лидер на опозиција на состанок на Советот за безбедност, освен ако тоа не го налага степенот на класифицираност на информациите за кои ќе се дискутира согласно сложеноста на ситуацијата.

Сегашната средба е со низок степен на класифицираност, односно интерно, што говори за формалноста на самиот состанок и претседателот Мицкоски на истата не присуствува. Доколку во иднина се одржи состанок со повисок степен на класифицираност на информациите и тоа би го наложила евентуалната сложеност на состојбите, претседателот Мицкоски во интерес на граѓаните и интересите на Република Македонија изразува подготвеност да присуствува на истата”, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Пендаровски вечерва информираше дека Мицкоски бил уредно, писмено поканет да присуствува на седницата, но од него немало повратен одговор на поканата