ВМРО-ДПМНЕ: Минатата година власта на СДСМ го достигна дното во реализацијата на капитални инвестиции

Криминалната и одродена власт предводена од аболицираниот Заев по кој знае кој пат ја покажа својата неспособноста, неработење и расипништво. Минатата година власта на СДСМ го достигна дното во реализацијата на капитални инвестиции. Неспособната власт реализираше само катастрофални 65 проценти од планираните капитални инвестиции за 2018 година, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во врска со реализацијата на капиталните инвестиции за 2018 година.

„Бројките покажуваат дека минатата година е најлоша во последните 10 години кога станува збор реализација на капиталните инвестиции. Економијата тоне, власта не реализира нови инфраструктурни проекти, нема изградба на нови болници, средни и основни школи, градинки, игралишта и спортски сали. Аболицираниот Заев ја запре изградбата на новите клинички центри во Скопје и во Штип. Нема ни трага ни глас од предизборните ветувања на СДСМ за изградба на 600 километри автопат, 550 километри магистрали и 1000 километри локални патишта“, се истакнува во сооопштението на ВМРо-дпмне.

Од партијата потенцираат дека преку лаги и манипулации власта на штури прес конференции ги убедува граѓаните дека никогаш во историјата на Република Македонија не се градело повеќе.

„Ова е уште една лага на министерот Сугарески, која ја демантираат бројките кои самата Влада ги објави. Парите на граѓаните наместо за проекти и инвестиции за општото добро, преку криминални тендери и грантови завршуваат во џебот на партиски и државни функционери на СДСМ“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.