ВМРО-ДПМНЕ: Му истекува времето на Шилегов – да покаже документи или следи кривична

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека актуелниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов имаше рок од 24 часа, кој полека истекува, за да покаже дозвола, платени комуналии или било каков документ за семејната зграда, во спротивно ќе му биде поднесена кривична пријава.

-Но Шилегов одбра да молчи и да се крие. Бега од одговори затоа што е кабает. Тој има изградено два ката повеќе од дозволеното и сега од петни жили се обидува да го заташка овој скандал, мислејќи дека така ќе се спаси од одговорност. Но се лаже, фатен е жив. Шилегов беше избран и платен од граѓаните да го штити градот од урбанистичко дивеење, но тој избра да премине на страната на урбаната мафија. Тоа е исто како шумар да стане дрвокрадец, се вели во соопштението на партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ му порачаа на Шилегов дека останало уште малку време Петре и го повикаа да ги покаже документите инаку ќе следи кривична пријава.

-Многу скоро ќе нема Луј Витон судство и обвинителство кое ќе ја штити мафијата на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ.