ВМРО-ДПМНЕ: МВР нешто крие за убиството на Тот, Спасовки да поднесе оставка

„Оливер Спасовски уште повеќе се заплеткува со скандалозни изјави поврзани со убиството на ракометарот Денис Тот. Спасовски 5 дена после убиството кажува дека ја имаат снимката од убиството, откако целата јавност ја виде, а не објаснува зошто МВР два дена после убиството тврдеше дека немало насилство и информираше дека ракометарот не бил претепан“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека, Спасовски ни малку не ја убедил јавноста дека МВР не го заташкува случајот, туку напротив, како што стои во партиското соопштение: „Впрочем, Спасовски 5 дена после настанот најави дека за едно од лицата се трага и дека после 5 дена „ќе се распишуваат меѓународна и домашна потерница“?!

Реакцијата на МВР и ставовите кои МВР ги даваше за случајот говорат дека нешто се крие и се забошотува. Затоа Спасовски треба да поднесе оставка веднаш, се посочува во партиското соопштение.