ВМРО-ДПМНЕ: На 17 октомври ќе почне крајот на политичарите од типот на Заев и Филипче

Неспособноста на Филипче и Заев се покажува и во овој четврти бран на корона.Освен провизии, кампањи со народни пари се покажа дека не знаат да направат ништо, обвинија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.

За тоа најдобро говори последната кампања во висина од 300 илјади евра со која се пофали и денес. Кампања во која има фотографии кои чинат 20 евра, а е наплатена 300.000 евра. Тоа се пари на граѓаните кои можеле да бидат потрошени за повеќе вакцини, за кислород во болниците каде недостасува или за изградба на модуларни болници за кои викаат дека немаат пари.

Се пофали и со повторно отворање на салата Борис Трајковски за вакцинирање, а требаше да има десеттици пункотови за вакцинирање.

Време е за промени и за нов пристап. На 17 октомври ќе почне крајот на политичарите од типот на Заев и Филипче. Време е за Македонија за сите луѓе, велат од партијата.