ВМРО-ДПМНЕ: Најавата за нов пакет мерки на мафијата на Заев е параван за ново крадење

Откако СДСМ го зголеми долгот за 1 милијарда евра и наместо тие пари да одат за поддршка на бизнисот направи брутален поткуп и талибански избори сега срамно најавува нов пакет на мерки, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем неспособната влада на Заев излажа за мерките и од претходниот пакет каде вети и не исполни викенд без ДДВ, вети и не исполни 150 милиони евра поддршка за мали и средни претпријатија, вети и не исполни бескаматни кредити со 30 проценти грант, вети и не исполни државна гаранција за кредити итн. Ветија и не исполнија затоа што парите мафијата на Заев ги крадат. Ковид кризата им служи за параван за да продолжи Заев и мафијата да крадат. Новите мерки кои ги најавува Заев откако не ги реализираше ниту претходните се ништо друго освен параван за крадење додека јавноста ќе ја лажат дека помагаат, потенцираат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека едноставно прашање, ја задолжија државата за една милијарда евра, но кому помогнаа? Нека набројат една сфера каде има задоволство и позитивни резултати од преземените мерки.