ВМРО-ДПМНЕ најави тужба за проневера од 4,6 милиони евра во СЈО

105

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја задолжи Правната комисија на партијата да состави правен тим кој ќе подготви кривични пријави и тужба за злоупотребите кои се направени од страна на СЈО, а кои ги потврди и нотира Државниот завод за ревизија, за проневера тешка 4,6 милиони евра, кои биле исплаќани за високи хонорари, незаконски бонуси и плаќања надвор од делот за редовни плати, без законска основа.

– Тоа се 4,6 милиони евра злоупотребени пари од страна на обвинителска институција која што требаше да гони криминал. Ова е преседан во светски рамки. Тоа се пари кои наместо во нови болници и училишта, завршиле во нечии џебови, и за тоа мора да има одговорност – изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Извршниот комитет на партијата ја потврди одлуката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во однос на ставот дека нема да се поддржат одлуките на претседателот Стево Пендаровски за вонредната состојба, затоа што таа беше злоупотребена за работи кои не се поврзани со потребите за борбата против ковид-19.

На прашањето да ја коментира одлуката на бугарскиот парламент со која што Кирил и Методиј се прогласуваат за бугарски просветители и 24 Мај како нивен ден, Андоновски рече:

– Неспособната дипломатија на свиткана кичма на Зоран Заев е познат феномен и донесува ваков тип на резултати кои што се донесени затоа што од македонска страна не постои национален консензус по основ на основните идентитетски прашања. Познато е дека светите браќа Кирил и Методиј се словенски просветители кои ги слави веќе со години, со децении целиот свет кои што од нив ја црпи писменоста и затоа од наша страна не гледаме простор за дискусија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.