ВМРО-ДПМНЕ: На денот од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет

На денот кога бележиме 117 години од смртта на Гоце Делчев, Заев и СДСМ го негираат неговиот македонски идентитет, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев се уште молчи во однос на бугарскиот документ со кој ние го губиме јазикот и се откажуваме од нашите корени. Заев и СДСМ се откажаа од Гоце Делчев и сите негови соборци и продолжувачи на неговата идеја. Заев и СДСМ се откажаа од државата Македонија“, се вели во пратиското соопштение.

Македонскиот јазик кој е официјално признаен јазик од страна на ОН, сега со помош на Заев е оспорен и е предмет на договарање, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека Заев и даде алатка во рацете на Бугарија да не закочи на секој чекор кон ЕУ, доколку не се откажеме од нашиот јазик и нашите корени.

„СДСМ систематски ја урива Македонија. Разнебитувањето на државата мора да запре“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.