ВМРО ДПМНЕ на први март ќе бира претседателски кандидат

Владејачката ВМРО ДПМНЕ за први март закажа Конвенција за избор на кандидат за претседател.

Директорот на Центарот за комуникации, Илија Димовски информираше дека преку Конвенцијата партијата на непосреден, директен и таен избор ќе одлучи кому партијата ќе му ја даде довербата и поддршката во трката за шеф на државата.

„Овој начин на избор на кандидатот за Претседател на Република Македонија е високо демокртаски, транспарентен и отворен процес. Ова е висок стандард во политиката за кој се надеваме дека ќе биде применлив и од страна на останатите политички партии. Свикувањето на Конвенција за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија е редовна пракса која ВМРО-ДПМНЕ ја применува од своето формирање. На сите досегашни претседателски избори ВМРО-ДПМНЕ избирала свој кандидат токму на овој начин, низ демократска процедура, каде делегатите одлучуваат врз база на своето убедување, а врз основа на вредностите, принципите и програмите на предложените кандидати“, вели димовски.

Димовски најави објавување на јавен повик за пројавување на интрес односно приложување на кандидатура до Конвензијата за избор на кандидат. Право на кандидатура имаат сите граѓаните кои ги исполнуваат условите за извршување на претседателската функција, кои како што вели Димовски, се членови или поддржувачо на политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Првиот круг од претседателските избори се закажани за 13-ти април.