ВМРО-ДПМНЕ: На Заев и Филипче не им е важно здравјето на граѓаните, туку корона изборите во Штип и Пласница

На Заев и Филипче не им е важно здравјето на граѓаните, туку корона изборите во Штип и Пласница. За нив е поважно да туркаат на сила избори и да го загрозат здравјето на граѓаните од тоа да им помогнат. Неспособноста на Заев и Филипче закопа уште 21 лице од корона за едно деноноќие според статистиката на министерството за здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на партијата се наведува дека бројката на вкупно заразени надмина 50 илјади лица, а бројката на починати е скоро 1.400.

-Активни случаи се речи 20 илјади, или десет пати повеќе од проценката на Филипче. Тој велеше ќе има околу две илјади заразени. Погрешни проценки, задоцнети и несоодветни мерки. Македонија поради Филипче и Заев руши црни рекорди. Дали Заев и Филипче сеуште гарантираат дека има услови за избори во Штип и Пласница? Наместо Филипче да се обидува да го прикрие смртниот случај во Штип на пациент кој молел за кислород а не го добил и да го штити сопартиец и директоро на болница и тогаш дежурен на смена Ален Георгијев да се засрами ибда си поднесе оставка. Оставката на Филипче не е само морален чин туку и нужен. Оставката на Филипче ќе з ачи спас на други човечки животи, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.