Владејачката СДСМ и премиерот Зоран Заев го укинуваат најавеното зголемување на пензиите колку и да се трудат да го сокријат тоа преку разни манипулации, се вели во реакцијата од петокот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението се истакнува дека тоа е резултат на неспособноста и неодговорнсота на СДСМ и Заев ниту во минатото ниту, пак, сега не работеа за потребите и интересите на граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ, потсетуваат дека пензионерите се сеќаваат дека во време на владата водена од оваа партија пензиите добија најголем раст, односно просечната пензија од 7.683 денари беше зголемена на 13.755 денари, за разлика од СДСМ кога во 2002 година ги одземаа 8 отсто од пензиите, претходно одредени, исто така, од влада на ВМРО-ДПМНЕ.
„Пензионерите во време на ВМРО-ДПМНЕ ја земаа пензијата секоја прва седмица од месецот, наместо во време на СДС кога пензијата им се исплаќаше на рати. Пензионерите се заложници на расипничкото и неодговорно владеење на Заев и СДС. ВМРО-ДПМНЕ последното покачување го направи во декември 2016-та година и тоа за 620 денари, за разлика од владата на СДС која ќе им даде само 160 денари покачување, односно 1 процент од предвидените 5% покачување на пензиите. Под власт на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се донесоа низа мерки и проекти за пензионерите, а како најискористени се банско климатска рекреација, бесплатен викенд за пензионери, бесплатен пρевоз со воз за пензионеρи, 50 отсто попуст за посета во институциите на κултуρата за пензионеρите, слободен пρевоз за пензионеρите со гρадсκите автобуси и тоа тρи дена во неделата во главниот град“, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Речиси над 300.000 пензионери, се додава во реакцијата, се заложници на катастрофалната лоша финансиска политика на СДС, но поради ова токму пензионерите на 15 октомври целосно ќе го делегитимираат Заев.