ВМРО ДПМНЕ: Над 4.000 студенти уште ги чекаат списоците за вселување во домовите

„Денеска официјално требаше да почне вселувањето на студентите во студентските домови на територија на Град Скопје. Како што гледате, не само што вселувањето не е почнато, туку МОН и Студентскиот центар се уште ги немаат објавени списоците за примени студенти, изјави на прес конференција, Јован Јаулески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

-МОН и Студентски центар, иако со конкурс сами се обврзаа дека списокот на примени студенти ќе биде објавен на 30 август, тоа го немаат направено. И три дена потоа ни трага, ни глас. Над 4.000 студенти нема кај да се сместат и останаа на улица.

Власта доцни со сместувањето и за тоа некој треба да сноси одговорност. Особено што ваквиот случај со СДСМ стана пракса. Со списоците се доцнеше и лани.

Дали со ова се потврдуваат сомнежите на студентите дека со доцнењето на списоците всушност се чекаат партиските списоци за тоа кој треба да биде примен, а кој не?

МОН и Студентски центар мора најитно да одговорат. Кога ќе им биде обезбедено легло на студентите за да не мора во текот на септемвриската сесија да патуваат секојдневно од своите краишта!?“, изјави Јаулески.