ВМРО-ДПМНЕ: Над 75 отсто од матурантите ја бојкотираат наставата, а Царовска е глува за нивните барања

ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта не е подготвена да се справи со барањата на матурантите и затоа не сака да ги слушне нивните барања. Според партијата министерката за образование Мила Царовска преку директорите  со закани се обидува да ги заплаши матурантите и да ги задуши нивните протести иако тие се оправдани. Затоа ,велат од партијати, матурантите ја имаат нивната поддршка и ако испратат писмо со барање за дискусија за државната матура во Собранието  ќе застанат  на нивна страна.

Во денешното соопштение  од опозициската партија велат дека над 75% од матурантите бојкотираат настава, а секојдневно трпат притисоци и закани од министерката, директорите и наставниците.

„Матурантите директно ја посочија Царовска и нејзините директори за уценување и заплашување и заканување кон матурантите да го прекинат бојкотот.Тие имаат јасни барање, а тоа се да се одржи полагањето на матура, но да полагаат само два предмети од кои првиот предмет да биде мајчин јазик, а вториот изборен како и проектна задача“, стои во соопштението.

Од партијата обвинуваат дека министерката за образование Мила Царовска шири дезинформации.

„ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува барањата на матурантите и тие се основани. Кога оваа година, година на епидемија поголем дел од учениците следеа онлин настава, дел од нив немаа услови за следење на наставата и наставата се одвиваше во тешки услови, министерката Царовска треба да ги прифати овие основани барања на матурантите.Доколку матурантите испратат писмо со барање за дискусија за државната матура во Собранието на Македонија, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат матурантите во нивните барања“ се додава во соопштението.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.