ВМРО-ДПМНЕ: Народот на своја кожа почувствува што има а што не во болниците

Филипче, полека нема потреба од хистерија, народот на своја кожа осети што има, а што не во болниците,  му порачаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на министерот за здеавство Венко Филипче преку партиско соопштение.

„Филипче очигледно заборава дека пациентка умре во Штип затоа што немаше кој да и даде кислород. Филипче е глава на систем во кој се вакцинира преку ред. Со недели немаше клексани. Народ примаше инфузии во болнички дворови, а живи луѓе лежеа со починати. Филипче е човекот кој го урниса здравството. Наместо да набавува вакцини, Филипче лета со хеликоптер и вози мотори со Заев“, истакнуваат од опозицијата.

„Филипче, џабе смислуваш лаги, кој да ти верува? Па народот на своја кожа ја чувствува твојата неспособност. Еден добар совет од ВМРО-ДПМНЕ, не го лути народот со твоите лаги, ако не те бива дај си оставка“, додаваат од опозициската партија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.