ВМРО-ДПМНЕ не е организатор на најавениот протест на 18-ти, но демократско право е да се изрази револт на антидржавните политики на власта

ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој период јасно покажува и ниту еднаш не ретерираше од ставот дека сме против договорот и против уставните измени, истакна денес генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев одговарајќи на новинарско прашање дали ќе го поддржат најавениот протест на 18-ти месец против уставните измени организиран од страна на повеќе граѓански здруженија.

Се што се организира, а е во насока каде се изразува незадоволството и се што оди против промена на Уставот, против Договорот кој Заев и Димитров го потпишаа со Грција, тоа е истата наша цел кој целиот период наназад го имаме. Демократско право е на секој да излезе и да го искаже своето незадоволство, својот револт од оваа неспособна власт. ВМРО-ДПМНЕ не се јавува како организатор на ова, но се што е во насока на демократско изразување на волјата на граѓаните, особено во овој дел каде ВМРО-ДПМНЕ предничи и ја води оваа битка против промената на Уставот, нормално дека сме на истата страна, нагласи Јанушев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.