ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на нов Клинички, туку истиот треба да се направи за реалните потреби на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не е против изградба на нов Клинички центар, туку истиот треба да се направи за реалните потреби на граѓаните, информираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е новиот клинички да се изгради на постоечката локација, додека во скопската населба Карпош три на просторот до „Румунска болница“ да се изгради ковид центар.