ВМРО-ДПМНЕ не е согласна со целосен полициски час во текот на продолжениот викенд, предупредува на провоцирање тензии

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со предложената мерка за целосен полициски час за време на продолжениот викенд, и смета дека на овој начин свесно се провоцираат тензии, стои во соопштението на опизицската партија

Според партијата нелогично е да се најавува дека рестораните ќе работат од вторник, а да е задолжително седење дома за време на целиот продолжен викенд.

„Со други зборови недела и понеделник за Владата на СДСМ е опасно, а вторникот не е“, заклучуваат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат според кои критериуми е донесена ваква препорака.

Потестуваат и дека ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека е престрога мерката и за целосен полициски час за празникот Велигден, како што тоа го оценува и сега кога е празникот Бајрам. Посочуваат и дека владејачката партија на овој начин свесно провоцира тензии и ги изложува полициските службеници на опасност.

„На овој начин се нарушуваат човековите слободи и права. Воедно со ваквите мерки СДСМ свесно влегува во провоцирање на тензии и конфликти меѓу населението и ја изложува полицијата во непосакувана улога“, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ, исто така, посочуваа дека со ваквите постапки СДСМ директно ја злоупотребуваат јавноздравствената криза за сопствените дневно политичките потреби и си играат со чувствата на граѓаните.

„Со оглед на тоа дека земјава е на врвот по штетните последици од корона вирусот потребно е суштинско делување“, порачуваат на крајот од ВМРО-ДПМНЕ.