ВМРО-ДПМНЕ: Не изненадува тоа што Заев испраќа соопштенија и реакции во име на Јанева

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) работи како продолжена рака на СДСМ и воопшто не претставува изненадување тоа што нивниот челник Зоран Заев испраќа соопштенија и реакции во име на обвинителката Катица Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија оценуваат дека ваквкото работење на СЈО е „целосно непрофесионално, необјективно и пристрасно“, па затоа користи како служба за пропагнда н социјалдемократите.

Се истакнува дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ уредно се појавувал на сите судски рочишта за коишто бил уредно и навремено поканет.

Обратно, челникот на СДСМ, Зоран Заев, како што велат, е рекордер „по средби со амбасадори, конзули, портири“ кои служат единствено како повод за да се избегне појавување пред судовите и е човекот кој јавно кажа дека не го признава македонското судство.

„Зоран Заев е политичарот кој е двапати аболициран за финансиски криминал и за дела против државата. Првиот пат беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски за 8 милиони евра кои незаконски ги присвоил во случајот ’Глобал’, а вториот пат му беше повлечено обвинението токму од страна на Катица Јанева за случајот ’Пуч’. Оттаму, лицемерно е Зоран Заев да испраќа партиски соопштенија пред себеси да се погледне во огледало“, се наведува во реакцијата.