Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не може да има економски раст со ваква криминална власт

ВМРО-ДПМНЕ: Не може да има економски раст со ваква криминална власт

Кочо Анѓушев лаже како неговиот ментор аболицираниот Зоран Заев, бидејќи со ваква криминална владејачка структура не може да се оствари никакво економски раст, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, кое го пренсуваме итегрално.

„Со истите приказни аболицираниот Заев и картелот околу него ги измамија граѓаните и минатата година. Ветуваа развоен буџет, раст на економијата, кратење на непродуктивните трошоци и повеќе пари за граѓаните, а бевме сведоци на општ грабеж и најкатастрофална економска година во изминативе 15 години и тоа во време кога сите економии во регионот и Европа, благодарение на поволната клима бележеа огромен раст.

Ветуваа раст на капиталните инвестиции, а бевме сведоци на невиден крах и застој на сите проекти.

Лажните ветувања на манипулантите Заев и Анѓушев ги платија граѓаните. Граѓаните плаќаат повисоки акцизи, а картелот на власт си купуваше луксузни лимузини, си делеше криминални субвенции и тендери тешки милиони евра. 460.000 граѓани живеат на работ на сиромаштија, а манипуланти како аболицираниот Заев и Анѓушев продолжуваат со ветувања за мед и млеко.

Економски раст со ваква криминална влада нема и не може да има!

Минатата година Зоран Заев исто вети економски раст од 3,2 проценти, кој ќе се темели на зголемени инвестиции и зголемување на извозот. Вети дека приходната и расходната страна во предлог-буџетот ќе биле во пораст. Дека ќе цели на поголем раст на капитални инвестиции кои ќе се важен сегмент за планираниот раст за економијата за 2018 година.

Од тоа што вети за оваа година ние добивме економска катастрофа, непосветеност на реалните економски политики од страна на Владата, лоша реализација на капиталните инвестиции и најавата за покачување на даноците.

Задолжувањата ги урнаа психолошките бариери, а ниту еден проект не е реализиран.

Република Македонија има убедливо најлош раст на БДП во регионот.

За жал и со новиот мегаломански буџет, сликата ќе биде иста. Ќе се ограбат граѓаните со зголемени давачки и казни, а криминогената власт најголемиот буџет во историјата на Македонија ќе го троши за сопствен луксуз и богатење.

Сите земји од регионот ќе бидат пред нас, а ние ќе сме убедливо на дното. Од земја која беше лидер во регионот во економска политика, сега се тркаламе на дното.

Додека Македонија тоне на економски план, картелот на власта секојдневно се богати.

Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата“.