ВМРО-ДПМНЕ: Не очекуваме на Русковска и Кацарска да им се допаднат спотовите, исто како што на Македонија не ѝ се допаѓа тоа што се амнестира криминалот

Откако обвинителката Вилма Русковска и судијката Добрила Кацарска реагираа во врска со предизборните спотови на ВМРО-ДПМНЕ во кои тие се „појавуваат“, се огласија и од центарот за комуникации на опозициската партија порачаа дека не очекуваат да им се допаднат нивните спотови кои ја отсликуваат вистината, исто како што на Македонија не ѝ се допаѓа тоа што во државата се амнестира криминалот.

„Вилма Русковска молчи за изјавата дека се дадени 300 илјади евра на Рашкоски и Заев, за 6-те милиони евра изнуда на братот на судијката Димишкова, за туцето пари на Ден Дончев, за тоа како луѓе од власта нарачуваат палење на автомобили и други случаи. Нема потреба од нови амнестии за Заев, обвинителството го прави тоа за него“, обвинуваат од таму.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека очигледно Рускоска и Кацарска освен што не реагираат за криминалот во државата, стануваат и адвокати на Заев.

„Сигурни сме дека јавноста има уште една шанса на дело да ја види нивната улога, овојпат како цензор на СДСМ против кампањата на ВМРО-ДПМНЕ. Веројатно спотот со приказната за Зоки, Рада, Вицето и ликот Вилма која дава можност политичарите да одберат обвинение за своите противници дополнително ја допрело обвинителката Вилма Рускоска која во името „Вилма“ се препознала себеси како извршител на нарачките од Заев“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Порачуваат дека во спотот сите совпаѓања се случајни, освен оние кои не се.

„А, за второто видео за кое реагира Вилма Рускоска и Кацарска ја отсликува жалната реалност дека Рускоска и Кацарска станаа синоним за неправдите на Зоран Заев и Луј Витон правниот систем во Република Македонија. Истиот тој систем овозможува неказнивост на криминалот, а тоа ќе се реформира по 15 јули“, посочуваат од таму.

Претходно во саботата судијката Добрила Кацарска, и шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вила Русковска реагираа на спотовите во изборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, каде се споменуваат нивните

Кацарска потенцира дека партиите добиваат државни пари за да ја рекламираат својата програма и својата кандидатура, а со оглед дека таа не е кандидат за пратеник, смета дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговата партија ги злоупотребуваат парите на даночните обврзници.

 

!Посебно овде би нагласила дека мојата работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ… Со ваква кампања Мицкоски покажува дека не е за борба против организираниот криминал и корупцијата, па можеби тој како кандидат за премиер, пушта јасна порака дека ќе го штити криминалот и корупцијата“, озјави Кацарска во цел од изјавата за „Фактор“.

Покрај Кацарска, и името на обвинителката Вилма Русковска се споменува во спотовите на ВМРО-ДПМНЕ. Таа вчера им пратила опомена пред тужба за клевета.

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, до Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку полномошник доставила опомена пред тужба за клевета. Повод за ваквиот потег на обвинителката бил дел од содржината на изборниот спот на опозициската коалиција, насловен како „Криминална приказна“.

Станува збор за спот во мајка му чита приказна пред спиење на своето дете и во еден дел го споменува името на Вилма Русковска.