ВМРО-ДПМНЕ не присуствува на пратенички прашања

Пратениците на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ и денеска го бојкотираат Собранието  и нема да присуствуваат на пленарната седница на која пратениците ќе имаат можност да поставуваат пратенички прашања.

ВМРО-ДПМНЕ го почна бојкотот на парламентот затоа што дел од пратениците се наоѓаат во притвор, како осомничени за настаните од 27-ми април.

Пратеничките прашања се одржуваат во последниот четврток од месецот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.