Македонија

портпаролот на опозицијата за случајот на груевски и притисокот врз ВМРО-ДПМНЕ ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Груевски, се загрозуваат и другите лица кои под прогон

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Груевски, се загрозуваат и другите лица кои под прогон

Денеска јасно се покажува дека ВМРО-ДПМНЕ е под политички инструирана полициска опсада само заради евтин политички театар кој се случи поради покривање на сопствената немоќ и неспособност на власта, рече во средата на прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Беспотребно беа вознемирувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, беа претресувани недолжни граѓани, без налог, без посебна наредба која никогаш не беше презентирана во јавноста. Провокација за нов меѓумакедонски конфликт. Од фотографии достапни во јавноста се гледа дека спротивно на закон, беше ангажирана и воена полиција која е под надлежност на министерството за одбрана со која раководи министерката Радмила Шекеринска. Се покажа дека она што треба да бидат професионални институции работеа под чисто политички диктат. Политичкиот притисок и прогон е евидентитен. Мотивите се политички и средствата што се употребуваат се политички. Прогонот се прави врз лица на партија кои се следени, прислушувани, под константен притисок. Почитувани, е сега треба, и министерот за прогон и терор Оливер Спасовски и Зоран Заев да одговорат кого лажат и кого замајуваат. Тие имајќи ги во раце неограничените ресурси на државната безбедност и под едни вакви услови сакаат и уште сакаат лажно да прикажат дека не знаеја, или не знаат за движењето на Никола Груевски? Тоа е дилема која треба тие да ја одговорат, вели Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не се согласуваат со заминувањето на Никола Груевски.

Што се однесува со самиот чин, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со самото заминување на Никола Груевски, тоа не е опција дури и дури кога сите знаат дека се работи за политички прогон. Така се загрозуваат и другите лица кои исто така се цел на тој прогон. Во оваа држава мора да престане самоволието на власта. Оваа власт го донесе најцрното време на Македонија, најцрното време во кое се менува име, идентитет, се качуваат даноци, се монтираат случаи, се одземаат институциите од граѓаните и се киднапираат од власта, се прогонува опозицијата и нејзината критичка мисла. Токму оваа власт ја киднапираше државата, ја уништува демократијата. Колку повеќе притискате толку повеќе губите, а ќе паднете, ќе паднете многу брзо, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.