ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае податоците од пописот кои не се во согласност со методологијата и процедурата на ЕУРОСТАТ

ВМРО–ДПМНЕ нема да дозволи попис којшто не е реален и којшто не е соодветен со процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ, истакна во петокот во емисијата „Утрински брифинг“ потпретседателот и пратеник од ВМРО- ДПМНЕ Александар Николоски.

Николоски рече дека она што се случуваше во текот на изминатите неколку седмици претходно е спротивно од регуларен процес на пописот, при што се забележани слуќаи којга едно лице во кумпјутер внесива податоци од дваесет–триесет пасоши, што претставува, според него,  манипулација на целокупниот систем.

„Нема да дозволиме попис кој што е нереален. Ние јасно кажавме дека бројки кои што се нереални и кои што не се соодветни на процедурата и методологијата на ЕУРОСТАТ ние нема да прифатиме и да признаеме. Методологијата ја носи Државниот завод за статистика мислам дека има доволно време да бидат сите умни, да бидат сите паметни да пристапат кон овој процес пред се стручно, но и здраворазумски од причина што тоа што почнаа да го прават овие недели наназад е се само не е попис. Една таква масовна кампања каде што гледавме на маса ставени 20 – 30 пасоши па еден ги внесува во компјутер е манипулација на целокупниот систем“, потенцираше Николоски.

Пратеникот и потпретседателот на ВМРО–ДПМНЕ појасни дека мора да се направи една јасна дистинкција меѓу оние коишто не живеат во Македонија или дијаспората и она население коешто живее во Македонија или резидентно население што е и основата на препораките на ЕУРОСТАТ организација којашто се занимава со пописи насекаде во светот.

„Мора да се направи една јасна дистинкција помеѓу оние кои што не живеат во Македонија односно се дијаспора и попишување на таканареченото резидентно население односно население кое што живее во Македонија што е основа на препораките на ЕУРОСТАТ организацијата која што се занимава со пописи насекаде низ Европа. И тоа е клуч за методологијата се направи едно јасно разграничување помеѓу овие две работи“, заклучи Николоски.