ВМРО-ДПМНЕ нема да го крши Деловникот на Собранието, нема да учествува на седниците

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница нагласи дека е недозволиво непочитувањето на забелешките од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за кршење на Деловникот на Собранието од страна на пратениците на СДСМ и нивната коалиција, укажувајќи дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува како на таа седницата, како и на седниците за верификација на мандати.

„Очигледно забелешките процедурално од страна на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не допреа до вас и констатацијата дека и порано се правело вака не дозволува понатамошно кршење на Деловникот. Од тие причини јасно ви укажавме и покажавме согласно Деловник дека Верификационата комисија престанала да постои после првата конститутивна седница, вашите недокажани објаснувања не ви даваат за право да веруваме дека ќе ги почитувате забелешките и она што деловнички е предвидено согласно Деловникот за работа на Собранието  и од таа причина пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во понатамошниот тек на и на оваа седницата и на седниците за верификација на мандати нема да учествува. Ќе ве оставиме веќе кога не примате една добронамерна деловничка сугестија да крајно неделовнички ги завршите верификацијата на мандатите на останатите пратеници кои што ќе следуваат понатаму, па како сте почнале така и да вршите со верификација на мандатите на другите пратеници, а она што го кажуваме како забелешка ќе остане во наредниот период да се разгледа и да се спори од страна на експерти и други институции“, изјави Мицевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.