ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира нов министер за труд и социјална политика?

По разрешувањето на Рашела Мизрахи, ВМРО-ДПМНЕ нема да кандидира нов министер за труд и социјална политика. Оваа информација ја објави порталот Курир, а наводно во партијата се решиле на ваков чекор бидејќи не бил испочитуван договорот за техничка Влада од страна на владејачката СДСМ.
Засега нема се’ уште потврда, ниту демант на ова, но анализите покажуваат дека партијата нема да ја одобри политиката на преседани водена од Спасовски чиј главен белег се интригите и несериозноста.

Претходно техничкиот премиер Оливер Спасовски испрати барање до опозициската ВМРО-ДПМНЕ да назначи нов министер за труд и социјална политика по разрешувањето на Рашела Мизрахи.

Собранието со 62 гласа „за“ ја разреши Рашела Мизрахи од позицијата техничка министерка за труд и социјална политика.