ВМРО-ДПМНЕ: Нема да поддржиме манипулативен Закон за ЈО

„Нема правда – нема мир“ беше паролата со која СДСМ и Зоран Заев ја приграбија власта,  како најава за пракса со која тие ќе владеат во Република Македонија. Заев и СДСМ ги измамија и потценија граѓаните. Истекува нивната трета година на власт,  а тие се уште лажат дека државата е заробена од опозицијата. Република Македонија е изгубена држава, поделена на криминалните банди и рекетарите, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сега сакаат да донесат Закон чија единствена цел ќе биде да се амнестира криминалот на фамилијата Заеви и нивните послушници, но и да можат да се пресметуваат со нивните неистомисленици од опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ таков манипулативен закон нема да поддржи. Нема да дозволиме Зоран Заев да наметнува услови. ВМРО-ДПМНЕ се залага за закон со кој сите граѓани на Република Македонија ќе имаат ист третман. Лажни се убедувањата на СДСМ во нивните кругови дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде притиснато од странците. Нека не очекуваат дека меѓународната заедница ќе биде слепа и глува за неправдата која владее во Македонија, додаваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со покривање на одговорноста на Заев, Шекеринска, Кики и Фрики во истpaгата за случајот „Peкет“, во кој е вмешана и специјалната јавна обвинитeлка Катица Јанева, се поткoпуваат изгледите на Македонија за почеток на пристапните преговори со Европската Унија. ВМРО-ДПМНЕ како опозиција работеше на реформите и благодарение на додадената вредност во тој реформски процес Република Македонија денес сѐ уште добива позитивни извештаи со препорака за добивање датум за отпочнување преговори од Европската комисија.

-Ова што го прават СДСМ и Зоран Заев е свесно водење на Република Македонија во бездна и самоуништување. Правда не можат да носат Катица како ново промовиран заменик републички обвинител, ниту помошниците на Катица во новото обвинителство заедно со нивните братучеди, внуци, снаи, соседи и пријатели на Катица, но и по некој член на СДСМ во тимот истражители и администрација. Правда ќе донесе народот во Република Македонија на предвремени избори со казна кон СДСМ и Зоран Заев за да не можат никогаш повеќе да заблескаат на политичката сцена, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.