ВМРО-ДПМНЕ нема да преговора дали Гоце Делчев бил Македонец или не

Мора да има црвени линии во преговорите со соседите, да се задржи достоинството и почитта кон сопствениот народ, мора да бидете велемајстори за да водите надворешна политика, потенцираше кандидатката за пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска во гостувањето во емисијата „Само вистина“. Таа посочи дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да преговара за тоа дали ние сме Македонци или за тоа која е националноста на Гоце Делчев.

-Во однос на Договорот со Бугарија, нема преговори за тоа дали ја сум Македонка, Македонец. Нема преговорои за тоа дали Гоце Делчев бил Македонец или Бугарин. Ве молам, мора да имаме црвени линии, на кое ниво се сведовме ние како Македонци. Мора македонското национално достоинство да си го задржиме, вели Ласовска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.