2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој

Со тоа реплицирапе на изјавата на Мерсиха Смаиловиќ, членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, и оценуи дека таа во „стилот на нацистите на Хитлер“, повика дополнителната министерка за труд и социјала од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахим, да биде „обележана со Давидова ѕвезда затоа што е Еврејка“.

„СДСМ повикува на обележување и линч на македонските Евреи како Рашела Мизрахи“, рече Пешевска.

Посочи дека изјавата на споменатаа Смаиловиќ не е осамен случај во редовите на СДСМ по истото прешање.

„Активистката на ткн Шарена револуцијам Видана Бошкова Мицевска во стилот на Смаиловиќ ја нарече ВМРО-ДПМНЕ фашистичка партија, а Рашела Мизрахи Еврејка која соработува со нацистите. Ваквиот говор на омраза на социјалните мрежи му се допаѓа на советникот на Заев, Зоран Бојаровски, кој платен од народни пари поддржува антисемитизам и ширење на омраза помеѓу граѓаните. Говорот на омраза кој го шири СДСМ во стилот на нацистите од минатиот век мора веднаш да престане. Нацизмот е поразен од Сојузниците, работа во која допринес и жртва дадоа македонските партизани, но очигледно неговите корени останале во одредени структури во СДСМЕ, рече опозициската пратеничка.

Пешевска потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ нема да толерира антисемитизам, говор на омраза на верска и национална основа кон никој и затоа бара итно извинување од СДСМ и Зоран Заев за говорот на омраза на нивните функционери.

„Ова ли е општеството на еднакви граѓани за кои лажеше Заев. Заев и СДСМ под итно да престанат со говорот на омраза. Бараме владата веднаш да го разреши Зоран Бојаровски од функцијата Советник на премиерот, но и да ја разрешат Смаиловиќ од нејзината функција во партијата. Доколку Заев и СДСМ не преземат чекори кон санкционирање на говорот на омраза се доаѓа до заклучок дека антисемитизмот и говорот на омраза е поддржан инструиран и донесен директно од врвот на СДСМ. Ваквата политика на поделби ќе биде поразена на изборите на 12 април. Политиката на поделби е резултат на нервозата и стравот од пораз. Навредите и говорот на омраза се последната фаза од падот на СДСМ и Заев“, заклучи Пешевска.