ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминалот на Филипче и Заев од пола милијарда покриен со неколку листа закон

Она што го нуди Филипче на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а е поврзано со Клиничкиот центар е тие да дадат амин на најкорумпираната влада во Европа да располага со над пола милијарда евра за криминална изградба на Клинички центар, ова денеска преку реакција на ставовите на Венко Филипче го коментираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Или фигуративно кажано да се согласат пратениците два гладни волка да влезат во стадо јагниња и сето тоа немо да го посматраат. Филипче краде од набавка на томографи, а можете да замислите што ќе се случи кога на располагање ќе имаат над пола милијарда евра. Тоа би било пљачка на векот. ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во криминал и грабеж. Бидејќи СДСМ се фали дека има стабилно мнозинство можат да го поминат законот но да знаат дека ќе одговараат за секое украдено евро потоа. Несериозно е со закон од неколку листа да им се даде за право да украдат над пола милијарда евра, велат од партијата.

Од таму додаваат дека фактот дека не започнаа со градба на готов проект и пари кои им ги остави ВМРО-ДПМНЕ при смена на власта, најдобро говори дека сега бараат личен криминален интерес од градба на друг проект. Ниту Клинички ќе има, ниту подобри здравствени услови.