ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на лагите на власта, нема вакцини ама има над три илјади починати од корона

На лагите кои ги кажуваат надлежните им нема крај! Заев и Филипче велат ќе има околу 20 илјади вакцини против корона од Фајзер. Пендаровски вели разговаравме со „Фајзер“и воопшто немаа во план да работат со нас мал пазар била Македонија! Се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова веќе помеѓу нив очигледно е прашање кој повеќе ќе излаже. Но, фактот е еден има незначителни дози на вакцини и тоа дел се донација од Србија, а три илјади се набавени од Русија. Поради желбата за провизии на Филипче и Заев и покрај уплатен аванс за кинески вакцини, Македонија остана без истите. Кина им порача не го почитувавте протоколот, кај нас не може да набавувате вакцини преку фантом фирми. И не само тоа, Македонија остана без средства од европските фондови. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен кажа дека се поделени 530 милиони евра за справување со последиците од корона кризата, ама поделени се на 19 земји меѓу кои ја нема Македонија. И додека власта прави пропусти на секој чекор, бројката на заразени со корона секој ден се зголемува. Се зголемува и бројот на починати и достигна 3.280 лица, истакнуваат од опозицијата.

Сето тоа се случува поради неспосoбноста на Филипче, Заев и Пендаровски кои наместо да се растрчаат и да најдат вакцини се грижат за личните интереси. За ова одговорност мора да има! Додаваат од таму.