ВМРО-ДПМНЕ: Немаше да биде крај на светот ако Пендаровски не го потпишеше Законот за фалсификат попис

Пендаровски е лицемерен. Ако толку беше загрижен за пописот немаше да биде крај на светот доколку му се спротивставеше на Заев и не го потпишеше Законот за фалсификат попис, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако шефот на државата Стево Пендаровски вечерва за телевизија 24 рече дека не е крај на светот ако пописот се одложи за месец-два.

„Самото барање на Пендаровски за одложување на пописот е признание дека власта не е спремна за легитимен попис и дека барањата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со пописот се оправдани. Сегашната негова реакција е задоцнета“, велат од опозициската партија.