ВМРО-ДПМНЕ: Неодговорноста на СДСМ го загрози и статусот на Охрид и Охридското Езеро во УНЕСКО

СДСМ откако е на власт изминативе години не спроведоа ниту еден проект за заштита на животната средина иако ветуваа чист воздух. Македонија е на врвот на светските листи според загаденоста во земјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

– Скопје е секојдневно помеѓу 10-те најзагадени градови во светот. Додека граѓаните дишат најзагаден воздух, Заев јаде од златен прибор. Власта нема вложено средства во ниту еден поголем проект за заштита на животната средина, а за тоа сме критикувани и во извештајот на ЕК.  Зоран Заев декларативно пред избори беше против отворање на рудникот Иловица, но некако сега молчи. Со работата на рудникот Иловица ќе се уништи целиот регион околу самиот рудник. Ова е само еден од низата докази каде што се увидува дека Заев се распродава со цел повеќе пари да му влезат во џебот без притоа да мисли за доброто на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, СДСМ не спроведе ниту еден проект за енергетска ефикасност, за заштита на биодиверзитетот на езерата низ земјата, напротив сите езера во Македонија се испразнија под дозволениот минимум. Неодговорноста на СДСМ и локалните власти го загрозија и статусот на Охрид и Охридското езеро под УНЕСКО.