2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Неопходни се брзи избори за да се стави крај на криминалното владење на Заев

Имено во март 2017 година е поднесен обвинителен акт од ОЈО против Адријан Амзоски и фирмата „ФИНЕ“ ДОО Скопје поврзана со изградбата на објектот „Космос“ каде што Адријан бил инвеститор. Само една недела по доаѓањето на власт на СДСМ во јуни, Боки 13 го отвора „Меѓународен сојуз“ и на самото отворање се редат сите инволвирани во случајот „Рекет“. Катица Јанева откако добива надлежност без никакво образложение, без ниту едно рочиште, го повлекува обвинителниот акт врз Адријан Амзоски. Сето ова докажува дека постои шема од Катица Јанева, Заев и останатите за да се вршат притисоци и да се рекетираат пари, потенцираат од партијата.

Во партиското соопштение додаваат дека поради сево ова што се случува во  Македонија потребни се предвремени парламентарни избори, за да се стави крај на рекет, мито и сите лудории и криминали кои што ги прави Владата на Зоран Заев.