ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Таравари ја почувствуваа граѓаните на својот грб

Неспособноста на владата на СДС е се повеќе очигледна. Колку својата неспособност се обидуваа да ја заташкаат и замолчат сепак излезе на виделина. За неполни два месеци владата на Заев дозволи две лица да починат поради нивната негрижа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев и Таравари не се потрудија ниту да обезбедат реагенси за дијагноза на болеста, ниту обезбедија карантин но затоа дозволија уште неколку лица да се заразат. Владата на СДС единствено се залагаше оваа вест да не стигне до македонската јавност, без притоа да се грижат за доброто на граѓаните. Преку видео пораки, министерот Таравари призна дека во време на ВМРО-ДПМНЕ пациенти не починувале од ваква болест, стои во партиското соопштение.

Таравари, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ја призна целата негрижа, неспособност и незнаење како да се справи со сериозна здравствена закана по граѓаните во Република Македонија.

-Неспособноста и неодговорноста на Таравари ја видоа и почувствуваа граѓаните на својот грб. Таравари нека престане да прави ПР стратегии и да праќа честитки од луксузните хотели во Америка и нека се фати за работа.  И како министер за здравство да го спречи ширењето на оваа заразна болест во Гостивар и гостиварско. Затоа што хаосот што го создаде министерот Таравари може да ги загрози животите на уште многу лица доколку не се преземат мерки. Двете жртви се директна последица на потценувачкиот однос на Таравари и затоа тој треба веднаш да понесе одговорност. Оставка! Тоа е негова морална, но и политичка обврска, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.