ВМРО-ДПМНЕ: Нина Ангеловска да каже кога ги повлекла парите од Еуростандард банка

147

ВМРО-ДПМНЕ јавно ја повикува министерката за финансии Нина Ангеловска да го објави точниот датум на кој ги вади парите, личниот депозит од Еуростандард банката која пропадна, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека ако тој датум е блиску до пропаѓањето на Еуростандард банката тоа значи дека е извршена злоупотреба на положбата и кршење на законите.

-Очекуваме одговор. Ако банкарскиот систем е стабилен како што тврди СДСМ, тогаш зошто се случи да пропадне банка?, прашуваат од партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.