ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден министер не се вклучи во справување со невремето, одговорност за потрошените пари за градобијни ракети кои не спречија невреме

-Невремето кое завчера го зафати Скопје покажа дека Македонија нема Влада. Општините и народот беа оставени сами да се справуваат со последиците од големото невреме. Локалните власти дури и самите мораа да ги чистат приодите и до државните објекти кои ги контролира владата, како што се министерствата, владата и касарната во Аеродром, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Никој од функционерите на централната власт не се појави на терен, не ги ангажираше институционалните капацитети, ниту пак помогна со справување со последиците. Едноставно како да не постои централна власт во Македонија. Патем владата и надлежните институции потфрлија, иако се даваат милион евра годишно за градобијни ракети и интервенирање со авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди и неповолни климатски настани. Зошто надлежните институции затаиле и не интервенирале на време со предупредување и преземање на конкретни мерки? На тој начин ќе спречеле вакви енормни штети и последици. За ова мора да има одговорност, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.