ВМРО-ДПМНЕ: Нови 1406 причини Венко Филипче да си даде оставка

40

Вечерва има 1406 нови заразени, тоа се 1406 причини Венко Филипче да си даде оставка. Неговото министерување се претвори во хорор за граѓаните. Секој ден има нови сведоштва за неговата неспособност, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо да го заташкува случајот со смртта на жената која молела за кислород во Штип, денес испорачани 1406 причина за оставка на Филипче. Македонија е рекордер по бројот на заразени, со најголема смртност во Европа и држава со најмалку тестови по глава на жител. Сите параметри говорат за катастрофата на Венко Филипче. Македонија има 2 пати повеќе заразени на милиом жители од соседните Албанија и Србија, а дури три пати повеќе заразени од Грција. Дополнително Македонија за жал предничи и по бројот на умрени на еден милион жители. Статистиката говори дека Македонија со 683 починати на милион жители е прва во регионот по умрени од КОВИД, имено Албанија има 219 починати на милион жители,   Бугарија  329 починати, Грција 112 починати, Црна Гора 630 починати, Србија 118, Хрватска 264, Словенија 400 и Босна и Херцеговина 603 починати. Македонија го живее најцрното сценарио. Сето тоа е поради неспособноста на Филипче. И на целиот овој хаос Венко Филипче како во Северна Кореја организира избори во Штип и Пласница на кои вештачки ќе настапува само власта, истакнуваат од опозицијата.

Односот на Филипче и власта кон Македонија и народот само покажува дека државата не може да очекува ништо добро, затоа потребни се оставки, додаваат од таму.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.