ВМРО-ДПМНЕ: Новиот директор на Водовод е член на УО на Улици и патишта, што е директен судир на интереси

Согласно нашите сознанија, новоименуваниот директор на скопсото јавно преториајтеи „Водовод“, Марјан Митовски е член на Управниот одбор на исто така јавното претпријатите „Улици и патишта“, вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Портпаролката на опозициската партија ова го истакна одговарајќи на новинарско прашање во саботата дали е точно дека новоименуваниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ има судир на интереси со друга позиција, потенцирајќи дека согласно македонските законски прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите.

Митева посочи дека потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси и дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за истово ќе поднесе и претставка до надлежните институции.

„Согласно нашите сознанија, да точно е. Директорот Марјан Митовски е член на УО на ЈП „Улици и патишта“ и согласно законските прописи, тоа е директен судир на интереси на функциите. И, потребно е директорот да биде разрешен и да се почитува Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси како и во Македонија така и во службите на Градот Скопје, а за истово, како советничка група, ќе поднесеме и претставка“, рече Митева.