ВМРО-ДПМНЕ: Новиот „капитален проект“ на СДСМ, Левица и Арсовска е настрешница над куќичка за наплата на паркинг

Денеска Данела Арсовска, поддржана од СДС и Левица заврши капитален проект, настрешница на куќичка за наплата на билети на Градски Паркинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Не пропуштија да се пофалат со оваа добрина за скопјани. Прашуваме како ли ќе изгледа да изградат булевар, спортски објект или да донесат инвестиција? Нормално до тогаш ќе останеме задоволни со тековната настрешница и со сонот дека може ќе им текне да почнат да работат“, подвлекуваат од партијата.