Од самиот почеток на изградба на објектот, ВМРО-ДПМНЕ целата постапка ја водеше крајно транспарентно, со објави во весници и со контиунирано информирање на јавноста за сите чекори од постапката, велат од владејачката партија.
Во продолжение го пренесуваме во целост соопштението на ВМРО-ДПМНЕ
Под транспарентна постапка беше избран и инвеститор. Постапките пред о. Центар се во тек за финално добивање на употребна дозвола, за што о. Центар мора да знае, бидејќи инвеститорот на објектот има благовремено доставувано со цел да ги запази сите постапки и процедури кои што се неопходни.
Објектот во Центар се уште не е ставен во функција, а ВМРО-ДПМНЕ својата работа ја извршува во привремениот штаб, при што јавноста исто така беше информирана. За сите други аспекти постојат документи и чекори кои што се преземени и се во согласност со законите.
Лиферуваните информации во јавноста се гола провокација без никаква законска основа. Фактот дека Градоначалникот на о. Центар нема направено ниту еден проект, нема изградено ниту еден објект и нема решено ниту еден проблем на граѓаните, оссвен пералницата на пари “Боемска улица”, е вистина, колку и да се занимава со провокации. ВМРО-ДПМНЕ во својата работа секогаш постапувала согласно со законите.
Наместо да се занимава со објекти во чија изградба се запазени сите законски постапки, Градоначалникот на о. Центар треба да излезе и конечно да проговори за аферата околу перењето пари за шминкањето на „Боемска улица“, за која се потрошени над 500 000 евра, пари на граѓаните. Треба да ги објасни личните семејни, пријателски, бизнис и политички интереси со НСДП, Тито Петковски, пратеничката Соња Мираковска, сопственикот на фирмата „Изградба Комерц“ и треба да објасни како успеа да потроши толку големи средства за стотина квадрати бехатонски плочки.