11.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да почне да постапува по снимките за семејството Заеви

Фрапирани сме од содржината на снимката која ја емитуваа медиумите, а од која се слушаат сведоштва како братот и зетот на премиерот нарачуваат палење на автомобили, а неговиот братучед диктира кои бизнисмени можат да работат, а кои не, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Од снимките кои ги објавија медиумите се гледа бандитскиот однос на семејството Заеви кон државата во целост. Јавното обвинителство наместо да биде цензор за  спотови за кампања, подобро би било да почне да си ја врши работата, и веднаш да ги повика на разговор припадниците на семејството Заеви за кои се слуша како во мафијашки стил одлучувале кој има право да работи, а кој не во изминативе три години“, апелираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Водечката партија во опозициската коалиција порачува дека „бандитизмот кој стана начин на работа во изминативе три години“ наскоро ќе замине во историјата.

„Граѓаните ќе го дадат финалниот одговор на 15 јули. СДСМ покажа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова“, порачуваат од партијата.